За не повеќе од месец дена се ќе биде завршено. Завршена истражна постапка, ќе има судски рочишта, ќе се донесат одлуки, виновните ќе си завршат во затвор, рече политичкиот аналитичар Александар Пандов во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“.
Според него, рејтингот на Заев е на ниво на статистичка грешка, од три отсто.
-За да има крв, како што најавува опозицијата, Заев како таков треба да најде доволно голем број на луѓе, кои што ќе ги повлече за да прават крв. Македонецот 25 години живее во плурализам, исклучително политички писмени се македонските граѓани, исклучително внимателно ги следат настаните и имаат донесено суд, гледаат со каков човек си имаат работа – рече Пандов.
Тој додаде дека во Македонија луѓето одамна не гласаат против, туку гласаат „за“.
-Значи имаш два концепти каде што луѓето се незадоволни и против гласаат и заради тоа некоја партија доаѓа на власт. ВМРО-ДПМНЕ неколку години е на власт, затоа што луѓето гласаат „за“, 500.000 луѓе ја прочитале програмата, затоа гласаат и дополнително имаат политичар кој што се што претходно кажал го исполнил – рече Пандов.
Политичкиот аналитичар нагласи дека од друга страна има политичар кој излегува на прес-конференција и прво кажува 26.000 граѓани, не поминуваат неколку минути па кажува 20.000, значи шест илјади ги брише.
– Сега излегува дека 20 луѓе се прислушкувани. Зад Заев стојат новинари и аналитичари кои се платени од фондацијата СОРОС или директно од Зоран Заев – истакна Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



