| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Константин Качев во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска (15-ти април) во 18 часот ќе биде отворена изложбата на слики од академскиот сликар Константин Качев. Изложбата ќе ја отвори Паскал Гилевски.

Константин Качев спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Учествувал на многу групни изложби, а самостојно се претставил со десетина изложби во Скопје, Париз, Њујорк, Софија…

На изложбата ќе се претстави со 40 дела, посветени на темата „емигрант“. Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници.

Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков, Решат Амети и скулпторот Илија Аџиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top