Реконструкцијата на големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е во полн ек. Комплетното внатрешно реновирање се состои од претапацирање на 600 седишта, промена на подот, бојадисување на ѕидовите, уредување на сцената и нов систем за затоплување. Со реконструкцијата ќе бидат опфатени 900 квадратни метри.
Средствата за реновирањето на салата, што се врши по 36 години од изградбата на објектот, ги обезбеди Министерството за култура, односно Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.