| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо пазари по проверен рецепт, повторно е заинтересиран за играч на Бенфика

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо е заинтересиран во своите редови да доведе уште еден играч на Бенфика.
Немања Матиќ е можеби и најдобрата инвестиција на Жозе Мурињо во последните години. Тој господари со средината на теренот во Челси и е еден од најзалужните фудбалери за успесите на тимот од Лондон оваа сезона.

Презадоволниот Мурињо од настапите на Матиќ тргнува по засилување на тимот за следната сезона повторно во Португалија, односно е заинтересиран за уште еден играч на „орлите“.

Се работи за аргентискиот офанзивен играч од срединиот ред Николас Гаитан. Откупната клаузула за овој фудбалер изнесува 35 милиони евра, сума која Мурињо е подготвен да ја плати.

Гаитан оваа сезона одигра 25 натпревари за Бенфика, постигна четири гола, а забележи и девет настапи за аргентиската репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top