| четврток, 6 декември 2018 |

Дрогба не размислува за пензија

Како завршува сезоната во Премиерлигата, сите очи се вперени кон Челси, кој е сѐ поблиску до освојување на првенството бидејќи на шест кола до крајот има солидни седум бода предност во однос на второпласираниот Арсенал и осум од Манчестер јунајтед.
Големо внимание привлекува 37-годишниот Дидие Дрогба, кој се очекува да ја заврши богатата кариера. Сепак, поренешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска најави дека нема намера да ги закачи копачките на клинец.

Дрогба одигра солиден меч за Челси како стартер во победата над КПР од 1-0 и доби огромна поддршка од тренерот Жозе Мурињо.

– Не се чувствувам како ветеран. Сѐ додека имам сили да играм на врвно ниво и имам поддршка за тоа од навивачите и од клубот, ќе го правам тоа – изјави Дидие Дрогба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top