Припадниците на Исламската држава објавија на интернет во неделата видео на кое е прикажано уништување на древниот асириски град Нимруд, кој е срамнет со земја.
Уништувањето на Нимруд, кој беше лоциран во близината на Мосул кој е под контрола на исламистите, не е единствен напад врз древните градови.
Исламската држава држи под контрола една третина од Ирак и на соседна Сирија во рамки на калифатот, што го прогласи.
Нивното уништување на антиквитети предизвика огорченост кај археолозите и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун кој уништувањето на Нимруд го нарече воено злосторство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.