Новиот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските мечеви против Шпанија. Натпреварот ќе се игра на 3 април, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, од 17.45 часот.
За дуелот со актуелниот светски првак се повикани 28 ракометари, а подоцна списокот ќе се скрати. Селекцијата ја предводи капитенот Кирил Лазаров, а Обрван, барем според првите најави, смета на сите расположливи сили од македонскиот ракомет.
На списокот се следниве ракометари:
1. Даскалоски Златко – Вардар ПРО
2. Митревски Никола – Металург
3. Ристовски Борко – Гумерсбах
4. Ангелов Петре – Металург
5. Недановски Владимир – Металург
6. Ојлески Гоце – Вардар ПРО
7. Алушевски Стевче – Металург
8. Мојсовски Наумче – Металург
9. Лазаров Филип –Вардар ПРО
10. Јоновски Аце – Металург
11. Маркоски Велко – Металург
12. Кузмановски Горан – Одорхеи
13. Ангеловски Бранислав – Kонстанца
14. Миркуловски Филип – Металург
15. Лазаров Кирил – Атлетико Мадрид
16. Мајнов Лазо – Елверум
17. Левов Милан –Металург
18. Георгиевски Гоце – Металург
19. Темелков Владимир – Башараж
20. Мојсоски Златко – Металург
21. Јовчевски Влатко – Вардар ПРО
22. Димовски Ванчо – Металург
23. Стоилов Стојанче – Вардар ПРО
24. Марковски Никола – Вардар ПРО
25. Нелоски Марко – Металург Јуниор
26. Талевски Филип – Металург Јуниор
27. Манасков Мартин – Металург Јуниор
28. Маџовски Бојан – Металург Јуниор
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.