| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на сезоната за Сефолоша, скршил нога при апсењето со Антиќ

Кошаркарот на Атланта, Табо Сефолоша, се здобил со сериозна поврада при апсењето во Њујорк заедно со Перо Антиќ. Двајцата кошаркари беа пуштени на слобода, а Сефолоша уште при самото заминување од судницата кривеше на едната нога.
Лекарскиот тим на „Јастребите“ стравуваше од посеризона повреда, а се испостави дека тој има скршеница на коска на десната нога по што ќе мора да замине на операција и за него оваа сезона е завршена, вклучувајќи го и плејофот.
Полициските извештаи потврдија дека Антиќ бил уапсен бидејќи реагирал во моментите кога полицајците се обидувале да го уапсат Сефолоша, па сега двајцата кошаркари ќе треба повторно да се појават пред судот на 16 јуни, кога се очекува и конечната пресуда во случајот против нив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top