| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ помасовна поддршката од граѓаните за иницијативата за одговорност на Заев поради велепредавство

Сè помасовна е поддршка од граѓаните за иницијативата на Граѓанското движење за одбрана на Македонија за поведување постапка за одговорност поради велепредавство на Зоран Заев.

luge-potpis500

 Редици луѓе вчера во скопски Аеродром се потпишаа на иницијативата на ГДОМ и побараа Заев да одговара за велепредавство.

Тие велат дека Заев ѝ нанесува штета на нашата држава и дека нема да дозволат да го спроведе своето мрачно сценарио.

Ова е дел од нивните изјави:

-Зоран Заев е штетен за државата. Дава невкусни изјави против Македонија. Судот и државата треба итно да го решат овој случај и Заев да биде најостро осуден и ова да се реши во прилог на државата.

luge-potpis1500

-Јас како граѓанин на Македонија, како човек одговорен спрема мојата држава и моето семејство чувствувам одговорност да застанам на браникот на мојата татковина. Го давам мојот потпис затоа што се случуваат предавнички настани во државата. Господинот Зоран Заев, не заслужува да го кажам господин, затоа што тој го растури системот на државата, направи раздор меѓу граѓаните на Македонија и за тоа тој треба да одговара според законите на нашата држава. Тој не само што направи хаос во државата, тој не раскара со сите наши пријатели околу нас.

-Како граѓанин на оваа држава, на мојата сакана Република Македонија сметам дека ми е должност и има потреба да застанеме во одбрана на нашата држава бидејќи овие делувања и искази кои ги дава Заев особено во последно време, со неговите прислушкувани телефонски разговори и постојаното делување, мислам дека многу делува штетно за оваа наша држава. Јас мислам дека ова му е некое режирано сценарио кое пред и за време на 2001-ва година што се обидуваа да го разбранат мирот и спокојството на оваа наша држава и затоа лично сметам дека веднаш треба судовите и одговорните во оваа наша држава да го земат на одговорност и да се сопрат овие негови дејанија. Најдобро е тоа што поскоро да се направи за да нема вакво делување. Ова делување е уште поштетно затоа што се замешани странски службии тоа треба што поскоро да се земе на одговорност и да се спречат овие некови делувања.

luge-potpis2-500

– Граѓанското движење за одбрана на Македонија остро се спротивставува на последниот во низата предавнички чинови кога лицето Зоран Заев одаде државна тајна со која направи повеќкратна штета на државата, го загрози безбедносниот систем, и предизвика изложување на ризик безбедносни структури чија задача е справување со најопасен криминал. Зоран Заев освен предизвиканата штета за угледот на нашата држава, предизвика и компромитирање на угледот на останати држави, наши пријатели и поддржувачи. Зоран Заев со ова делување кое наликува на настаните пред и за време на 2001та година, се чини дека има намера да направи слабеење на безбедносните сили, и доведување на опасност од различни криминални и антидржавни елементи. Со овој чекор, но и со сите претходно несомнено, прецизно и точно се докажува дека лицето Зоран Заев е извршител на мрачно сценарио креирано од други странски центри, и агентурни мрежи. Целта на тоа сценарио се потврдува со секој настан на Заев, а тоа е внесување на страв, раздор во македонското национално ткиво, и рушење на системот на државата. Преку воспостување на акутна политичка и меѓуетничка криза, да се предизвика дестабилизација. Поради сето ова ГДОМ и граѓаните на Македонија покренуваат граѓанска иницијатива до институциите за да разгледаат можностите за поведување на постапка за одговорност на Зоран Заев поради чин на велепредавство на државата. Обединети околу стратешката цел зачувување на државата, нејзиниот углед и достоинство, непречено функционирање на системот се ставаме во одбрана на Уставот и државниот поредок на Република Македонија. Зоран Заев мора да добие институционален одговор за неговото незаконско и антидржавно однесување. Како граѓани на оваа држава чувствуваме должност да застанеме во одбрана на нашата држава и да се спротивставиме на постојаните уцени и закани коишто се во функција на разнебитување на државата. Ова јасен одговор против сите странски центри и нивните извршители, се вели во иницијативата од ГДОМ.

Граѓанската иницијатива започна во Автокоманда, потписи се собираа и во Кавадарци, а синоќа во Аеродром. Идната недела продолжува граѓанската иницијатива преку која граѓаните бараат Заев да биде прогласен за велепредавник. Граѓанското движење за одбрана на Македонија со оваа иницијатива ќе ги посети поголемите општини и градови ширум цела Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top