За три месеци во Македонија биле издадени 6.029.980 рецепти, покажуваат податоците од системот „Мој термин“. Најмногу се издавале рецепти на кои се препишуваат лекови за висок крвен притисок и за смирување.
На врвот на табелата е лекот енап за кој се издадени најмногу рецепти – 359.332. Веднаш по него е дијазепам со 228.978 рецепти. Со 117.702 издадени рецепти е и хелекс, а за лексилиум има 88.000 рецепти.
Десетте дијагнози за кои се издадени најмногу рецепти се:
1. Есенцијална (примарна) хипертензија – 1.868.230
2. Тип 2 дијабетес мелитус – 343.889
3. Заболувања на липопротеинскиот метаболизам – 220.654
4. Акутен тонзилитис – 172.291
5. Гастритис и дуоденит – 160.580
6. Други невротски растројства – 152.877
7. Други анксиозни растројства – 121.296
8. Хиперплазија на простата – 113.395
9. Акутен бронхитис – 95.669
10. Друга хронична опструктивна пулмонална болест – 92.412
За истиот период биле издадени 1.995.089 упати. Од нив биле реализирани 1.173.769. Речиси половина милион од упатите биле издадени за биохемиска лабораторија. Од останатите специјалности со најмногу упати се интерна медицина, РТГ, офталмологија, оториноларингологија, медицински микробиолог, ортопедија, педијатрија, трансфузиона медицина и психијатрија.
Што се однесува до дијагнозите за кои се упатува пациентот и овде на врвот е примарна хипертензија, тип 1 и 2 дијабетес, циститис, нарушување на видот и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.