Маж отвори оган во суд во Милано убивајќи две лица, од кои едниот е судија, изјавија претставници на Судот и на полицијата.
Клаудио Џардело беше обвинет во случај за намерно предизвикување банкрот на компанија. Според последните информации, напаѓачот сѐ уште е во зградата на Судот, најверојатно на седмиот кат.
Очевидци изјавија дека слушнале три или четири истрели, по што во зградата влегле голем број полицајци. На адвокатите и на судиите им било наредено да не ги напуштаат салите во Судот.
Реонот околу Судот е блокиран, а пристигнаа и неколку возила на брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.