| четврток, 6 декември 2018 |

Во Милано ќе возат само автобуси на струја

Италијанскиот град Милано планира да стане еден од првите градови во Европа, кој целиот јавен превоз ќе го врши со електрични возила и се надева дека тој план ќе го постигне во 2030 година.

Во моментов, 97 отсто од градските автобуси возат на дизел, а од 2020 година, Милано планира да престане да купува такви возила, соопшти компанијата за јавен превоз АТМ.
До крајот на 2030 година, АТМ планира целосно да ги отстрани од јавниот превоз возилата на фосилни горива. Така, градот треба да има 1.200 електрични автобуси, со што ќе се намалат емисиите на CO2 за речиси 75.000 тони годишно.

– Милано ќе биде еден од првите градови во Италија и Европа, кој ќе го организира целосно својот јавен превоз со електрични возила, се вели во соопштението.

Во преодните години, дел од јавниот превоз ќе се врши со хибридни автобуси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top