| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање во Палатата на правдата во Милано, има повредени

­ Во Палатата на правдата во Милано претпладнево се слушнаа истрели, при што има повредени, а веројатно и загинати, јавија италијанските медиуми.

Весникот „Корере дела Сера“ пишува дека при пукотниците се повредени „најмалку две лица“, од кои едниот е адвокат.

Овој милански весник не прецизира во каква состојба се повредените. Но, еден од судиите на Апелацискиот суд во Милано за италијанската телевизија изјави: „сигурно има и мртви“ и дека барем едно лице е убиено.

Медиумите се повикуваат на свои извори во полицијата од каде што дознаваат дека човекот што пукал бил обвинет во случај поврзан со банкрот на една фирма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top