| четврток, 6 декември 2018 |

Прашања и одговори за македонската криза

„Вие Бал­кан­ци­те мно­гу са­ка­те да до­би­ва­те го­то­ви од­го­во­ри од стран­ци­те, но ние не ги зна­е­ме од­го­во­ри­те, ту­ку са­мо на­чи­нот на кој се до­а­ѓа до нив. За­тоа ме­сто да ти ка­жам што мис­лам се­га ќе ти по­ста­вам не­кол­ку пра­ша­ња и та­ка ќе ти од­го­во­рам“. Ова бе­ше од­го­во­рот на мо­е­то пра­ша­ње ка­ко ќе за­вр­ши акту­ел­на­та по­ли­тич­ка кри­за до­би­ен по е-по­шта од еден за­па­ден ана­ли­ти­чар, кој ни­ко­гаш не се по­ја­ву­вал на те­ле­ви­зи­ја за да го до­бие тој епи­тет ту­ку ре­ал­но се со­о­чу­вал со ре­ша­ва­ње чо­веч­ки суд­би­ни и криз­ни си­ту­а­ции на нај­мал­ку де­се­ти­на ло­ка­ции на Зем­ји­на­та топ­ка. Бе­ше при­су­тен во зем­ја­ва во криз­ни­те 1999 го­ди­на и во 2001 го­ди­на и ве­ќе не ги сле­ди по­ли­тич­ки­те слу­чу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја и во ре­ги­о­нот

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Од­го­во­рот на мо­јот при­ја­тел (и, не­сом­не­но, при­ја­тел на Ма­ке­до­ни­ја) со­др­жи де­се­ти­на пра­ша­ња што мо­жат да ве до­ве­дат до од­го­во­рот на пра­ша­ње­то во кој пра­вец се дви­жи нај­но­ва­та ма­ке­дон­ска кри­за. Пра­ша­ња­та–од­го­вор се по­ста­ве­ни отка­ко мо­јот при­ја­тел не­кол­ку ча­са чи­тал во ме­ѓу­на­род­ни­те и во ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми на анг­ли­ски ја­зик за со­стој­ба­та во зем­ја­ва. Ве­ли де­ка не мо­же да ко­мен­ти­ра јав­но за тоа што го раз­брал од ме­ди­у­ми­те за­тоа што ра­бо­та­та во ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја за ко­ја ра­бо­ти не му да­ва та­ква мож­ност, но уште по­го­ле­ма при­чи­на е тоа што и по­крај мно­гу­те ин­фор­ма­ции и прет­ход­но­то поз­на­ва­ње на лу­ѓе­то и на окол­но­сти­те во Ма­ке­до­ни­ја, е це­лос­но збу­нет од тоа што го чи­та.

Пр­во­то пра­ша­ње, кое ба­ра по­себ­но вни­ма­ние, се од­не­су­ва на ан­ке­ти­те за по­ли­тич­ки­от реј­тинг. По­ста­ве­но е со цел да открие ка­ко се дви­жи реј­тин­гот на по­ли­тич­ки­те пар­тии и на ли­де­ри­те по об­ја­ву­ва­ње на „бом­би­те“ на За­ев. Са­ми­от факт де­ка не­ма та­кви ин­фор­ма­ции во јав­но­ста да­ва до зна­е­ње што са­кал да ка­же мо­јот со­го­вор­ник. Два ме­се­ца по по­че­то­кот на афе­ра­та „Пуч“ и де­то­на­ци­ја­та на бом­би­те на За­ев, јав­но­ста не е за­поз­на­е­на со ни­ту ед­на ан­ке­та спро­ве­де­на во тој пер­и­од. Единс­тве­на­та ан­ке­та што из­ле­зе во јав­ност е таа што е спро­ве­де­на по на­рач­ка на аме­ри­кан­ски­от Ме­ѓу­на­ро­ден ре­пуб­ли­кан­ски ин­сти­тут (ИРИ), но таа е спро­ве­де­на во де­кем­ври и не ги одра­зу­ва пос­ле­ди­ци­те од об­ја­ве­ни­те прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри. Пр­во­то пот­пра­ша­ње што се на­мет­ну­ва во вр­ска со оваа те­ма е зо­што опо­зи­ци­ја­та не го иско­ри­сти овој мо­мент и не об­ја­ви ан­ке­та, ко­ја, спо­ред нив­ни­те јав­но из­ло­же­ни ана­ли­зи и ста­во­ви, во кои цен­трал­на пре­ми­са е „Гру­ев­ски е го­тов“, ќе по­ка­же дра­ма­тич­на про­ме­на на реј­тин­гот на по­ли­тич­ки­те пар­тии. Ло­ги­ка­та ве­ли де­ка тој што на­па­ѓа во по­ли­тич­ка­та би­тка и тој што твр­ди де­ка на­ро­дот ве­ќе не ѝ ве­ру­ва на вла­ста вед­наш би об­ја­вил де­ка има пад на реј­тин­гот на ВМРО–ДПМНЕ за­тоа што про­ме­на­та на рас­по­ло­же­ни­е­то кај дел од гла­са­чи­те, од­нос­но евен­ту­а­лен по­зи­ти­вен тренд кај СДСМ, ќе вли­јае и на дру­ги лу­ѓе во на­ред­ни­от пер­и­од. Има две при­чи­ни зо­што тоа не се слу­чи до­се­га – или СДСМ по де­бак­лот со реј­тин­зи­те на пос­лед­ни­те из­бо­ри не са­ка да ри­зи­ку­ва или, пак, ре­зул­та­ти­те од нив не ги по­твр­ду­ва­ат иска­жа­ни­те по­ли­тич­ки ста­во­ви. Слич­но е и со ВМРО–ДПМНЕ, или пар­ти­ја­та има ло­ши трен­до­ви во ан­ке­ти­те или, пак, ќе го че­ка пер­и­о­дот во кој ќе поч­не прав­на­та раз­вр­ска во про­це­сот „Пуч“, за вре­ме на кој јав­но­ста ќе доз­нае што сè пра­вел ли­де­рот на СДСМ.

Toa што Гру­ев­ски го има ка­ко стра­те­ги­ска пред­ност е што, за раз­ли­ка од СДСМ, кој, спо­ред дел од ана­ли­ти­ча­ри­те, ве­ќе ја до­сти­гну­ва кул­ми­на­ци­ја­та, тој сè уште в џеб има бом­би со раз­ли­чен ка­ли­бар со кои ќе мо­же да ја за­пре офан­зи­ва­та на За­ев. Кој е про­фи­лот на лу­ѓе­то (кол­ка­во е нив­но­то вли­ја­ние) што во ме­ди­у­ми­те и на со­ци­јал­ни­те мре­жи за­ста­на­ле зад бом­би­те на За­ев и да­ли е зго­ле­мен бро­јот на не­за­вис­ни по­чи­ту­ва­ни ин­те­ле­кту­ал­ци што ѝ го свр­те­ле гр­бот на вла­да­та по об­ја­ве­ни­те прис­лу­шу­ва­ни раз­го­во­ри? Тоа е вто­ро­то пра­ша­ње по­ста­ве­но од чо­ве­кот што во вре­ме­то ко­га пре­сто­ју­ва­ше во Ма­ке­до­ни­ја по­сто­ја­но ве­ле­ше де­ка има­ме нај­до­бра кул­ту­ра и умет­ност, ама не зна­е­ме да ја про­да­де­ме. И, на­ви­сти­на, кои се лу­ѓе­то што пре­ку ме­ди­у­ми­те и со­ци­јал­ни­те мре­жи бес­по­го­вор­но ја тур­ка­ат те­за­та на За­ев. Ме­ѓу нив има пре­крас­ни лу­ѓе, поз­на­ва­чи на со­стој­би­те, те­мел­ни ана­ли­ти­ча­ри, про­фе­си­о­нал­ни но­ви­на­ри, има и ап­со­лут­но не­за­вис­ни бло­ге­ри и лу­ѓе актив­ни на „Тви­тер“, кои са­ка­ат искре­ни про­ме­ни на до­бро, чес­ни биз­нис­ме­ни и ви­стин­ски ин­те­ле­кту­ал­ци. Дел од под­др­жу­ва­чи­те на За­ев и, во исто вре­ме, кри­ти­ча­ри на Гру­ев­ски ве­ру­ва­ат де­ка се­ко­ја про­ме­на е до­бра и де­ка ду­ри и без афе­ра­та со прис­лу­шу­ва­ње­то во Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да дој­де дру­га власт за­ра­ди про­ве­тру­ва­ње. Еден од проб­ле­ми­те на кри­тич­на­та ма­са под­др­жу­ва­чи на За­ев е што од са­ми­от по­че­ток на вла­де­е­ње­то на Гру­ев­ски по­сто­ја­но се про­тив ВМРО – ДПМНЕ. Вто­ри­от проб­лем е што бро­јот на оваа гру­па, ба­рем спо­ред тоа што мо­же да се ви­ди од странс­тво пре­ку со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми, не е дра­ма­тич­но по­рас­нат. Кре­а­то­ри­те на јав­но­то мис­ле­ње не ус­пе­а­ја да ре­гру­ти­ра­ат но­ви ли­ца, кои има­ат вли­ја­ние на јав­но­ста до таа ме­ра што ќе ус­пе­ат да го про­ме­нат оп­што­при­фа­те­ни­от си­стем во кој јав­но­то мис­ле­ње е под нај­го­ле­мо вли­ја­ние на по­ли­ти­ча­ри­те, а не на на­за­вис­ни ин­те­ле­кту­ал­ци. Проб­ле­ми­те со на­чи­нот на кој се фи­нан­си­ра­ат дел од под­др­жу­ва­чи­те на За­ев, нив­ни­те ква­ли­те­ти ка­ко струч­ња­ци или про­фе­си­о­нал­ци во одре­де­на об­ласт, нив­но­то ми­на­то ка­ко дел од вла­ста на ВМРО–ДПМНЕ, се са­мо то­вар по­ве­ќе за нај­го­ле­ма­та ма­ка што си ја има­ат под­др­жу­ва­чи­те, да за­ста­пу­ва­ат чо­век што, во нај­ма­ла ра­ка, е кон­тро­верз­на по­ли­тич­ка фи­гу­ра, ко­ја и во екот на пос­лед­на­та афе­ра од мно­гу­те во кои бил дел зна­е­ше за не­кол­ку де­на не­кол­ку па­ти да приз­нае де­ка ла­же од по­ли­тич­ки при­чи­ни. Од­го­во­ри­те на пра­ша­ња­та да­ли во зем­ја­та има не­ми­ри од се­ри­оз­ни раз­ме­ри, да­ли се мир­ни во­о­би­ча­е­но бун­тов­ни­те ра­ди­ка­ли ме­ѓу Ал­бан­ци­те, има ли гра­ѓан­ски от­пор ме­ѓу на­се­ле­ни­е­то, функ­ци­о­ни­ра ли по­ли­ци­ја­та ка­ко прет­ход­но, се дел од еден па­кет-пра­ша­ња што ни­ту со ме­тод на де­дук­ци­ја не мо­жат да да­дат кон­крет­ни зак­лу­чо­ци.

Општ е впе­ча­то­кот де­ка Ма­ке­до­ни­ја, иа­ко се со­о­чу­ва со те­мел­на по­ли­тич­ка кри­за во ко­ја се раз­не­би­те­ни без­бед­нос­ни­те стру­кту­ри, ба­рем од да­ле­ку функ­ци­о­ни­ра без проб­ле­ми. Ако цел­та на За­ев би­ла да на­пра­ви тен­зии во овој дел, за­се­га тој обид е не­ус­пе­шен, ка­ко што, ба­рем за­се­га, не ус­пеа да пре­диз­ви­ка ни ме­ѓу­ет­нич­ки конф­ли­кти. Ли­де­рот на СДСМ, ако тоа во­оп­што му би­ла цел­та, по­ве­ќе ус­пех има во па­ке­тот пра­ша­ња што се од­не­су­ва на еко­ном­ски­те со­стој­би. Пр­во ме за­чу­ди пра­ша­ње­то да­ли во зем­ја­та е на­ру­шен плат­ни­от про­мет, да­ли фир­ми­те има­ат проб­ле­ми со исп­ла­та на пла­ти и во­оп­што има ли па­ри во оп­тек, но ко­га од Скоп­је доз­нав де­ка не са­мо што ве­ќе те­ле­фо­ни­те не ѕво­нат ка­ко по­ра­но ту­ку и де­ка ре­тко ко­ја фир­ма ги пла­ќа дол­го­ви­те сфа­тив што пра­шу­ва мо­јот со­го­вор­ник. Во ме­ди­у­ми­те не­ма мно­гу ин­фор­ма­ции ка­ква е со­стој­ба­та со нап­ла­та­та на да­но­ци­те, што би зна­че­ло де­ка во овој дел За­ев не мо­же да се на­де­ва на ко­лапс во бу­џе­тот ка­ко пре­дус­лов за до­пол­ни­тел­на кри­за, ко­ја би ги удри­ла гра­ѓа­ни­те ди­рект­но во џе­бот и би ја олес­ни­ла ра­бо­та­та на опо­зи­ци­ја­та. Од па­ке­тот пра­ша­ња по­вр­за­ни со ре­ак­ци­и­те на стран­ци­те, по­ра­ки­те од со­се­ди­те и осо­бе­но ка­ков е од­но­сот на Аме­ри­кан­ци­те не мо­же да се зак­лу­чи ни­што кон­крет­но. ЕУ, НА­ТО и САД се др­жат до сво­и­те вос­по­ста­ве­ни прин­ци­пи во кои де­мо­крат­ски­те вред­но­сти се важ­ни, но по­важ­ни се нив­ни­те ин­те­ре­си и по­ра­ди тоа не се ме­ша­ат ди­рект­но во спо­рот. По­ра­ки­те од Бри­сел со кои бе­ше од­би­е­но ба­ра­ње­то за струч­ња­ци на ЕУ да учес­тву­ва­ат во суд­ски­от про­цес мо­же да зна­чи и де­ка Евро­па е збу­не­та, но и де­ка тие ве­ру­ва­ат де­ка судс­тво­то мо­же да ја до­бие оваа би­тка. Ве­ро­јат­но до­бар знак е тоа што Бел­град, Ти­ра­на, Со­фи­ја , При­шти­на и Ати­на, глав­но, мол­чат за со­стој­ба­та во зем­ја­та што, се раз­би­ра, не мо­же да се тол­ку­ва ка­ко под­др­шка ту­ку са­мо ка­ко ана­ли­зи­ра­ње на со­стој­би­те за по­доц­неж­но ос­тва­ру­ва­ње на сво­и­те це­ли. Сè на сè, од по­ста­ве­ни­те пра­ша­ња на мо­јот при­ја­тел и од огра­ни­че­ни­те соз­на­ни­ја за со­стој­би­те во Ма­ке­до­ни­ја, мо­же да се изв­ле­че зак­лу­чок де­ка нај­но­ва­та ма­ке­дон­ска кри­за вле­гу­ва во ста­тус кво од кој мо­же да ја из­ва­дат са­мо из­бо­ри, бр­за и чи­ста прав­на раз­реш­ни­ца или не­ка­кви уште по­дра­ма­тич­ни „бом­би“од до­се­гаш­ни­те, кои би пре­диз­ви­ка­ле про­те­сти, на­силс­тво и дру­ги про­це­си, кои би го за­гро­зи­ле устав­ни­от по­ре­док. До­кол­ку не­ма та­кво не­што, то­гаш зем­ја­ва тре­ба да се под­го­тви за пер­и­од од две го­ди­ни до ре­дов­ни­те из­бо­ри во кои За­ев ќе акти­ви­ра бом­би, Гру­ев­ски ќе но­си ин­ве­сти­ции и бе­не­фи­ции за гра­ѓа­ни­те, биз­нис­ме­ни­те ќе че­ка­ат по­до­бри вре­ми­ња за да ги пла­тат дол­го­ви­те, а гра­ѓа­ни­те ќе се на­вик­нат да жи­ве­ат во пси­хо­за и во страв од мож­на де­ста­би­ли­за­ци­ја.

 

(Текст објавен во 135. број на неделникот Република, 3.04.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top