-Не треба да си многу паметен за да сфатиш како функционираат работите. Кога СДСМ е во опозиција имаме вакви афери, беше Големото уво, сега е Пуч. Она што јас го знам за СДСМ има и внатрешна традиција за себеприслушување. Според моите сознанија, сите канцеларии во седиштето на СДСМ беа озвучени. Имаше едно лице, во една мала канцеларија, со слушалките како атомската мравка и постојан ги слушаше другите. Така што оној што треба постојано знаеше она што неговите колеги и соработници мислат за него и ги знаеше нивните ставови- посочува Јакимовски.
-Во една политичка борба, тие имаат програма, ние имаме програма, тие прават митинзи, ние- митинзи.. Меѓутоа, тука тие имаат материјали од прислушување, значи имаат и опрема за прислушување. Тоа значи ние сме нерамноправни и не наведува да размислуваме дали не треба да набавиме опрема за прислушување за да бидеме рамноправни во политичката битка со СДСМ. Во се друго сме рамноправни, само со ова не сме рамноправни. Во секој случај треба да бидеме рамноправни во политичката борба и јас размислувам дека ако ова продолжи, неминовно ќе доведе до набавка на опрема за прислушување во останатите политички партии. И тогаш ќе влеземе во еден општ државен хаос, предизвикан од опозицијата- додава Јакимовски во интервјуто за новиот број на Република кој е во продажба од денеска (9. април 2015).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.