Ахмети не бил виновен што повикува на изборен митинг со „калашников“, криви се медиумите што ја објавиле неговата фотографија.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја префрли вината врз македонските портали дека тие го заплашуваат народот со објавување негова слика во униформа на УЧК. Како што пренесуваат албанските медиуми, Ахмети на митингот во Кичево рекол дека македонските медиуми биле тие што ширеле страв меѓу населението, а не тој и неговата партија, со тоа што на профилот на „Фејсбук“ на ДУИ објавија негова фотографија на која е во униформа на УЧК и со „калашников“ во рацете, а со која се повикуваше на масовен одзив на предизборниот митинг во Кичево.
– Гледам низ различни портали фотографии од Фатмир Дехари и од Талат Џафери во униформи. Неодамна почнаа да пишуваат и за мене. Не е тајна, тоа не е никаква тајна. Тоа што денес гледаат преку порталите беше пред 12 години. Но, тогаш беа потребни тие алатки. Времињата се менуваат, Охридскиот договор беше постигнат, тоа е меѓународен договор со кој се регулираат интерните извештаи меѓу поголемите заедници, Македонците и Албанците – изјави Ахмети.
Ние се демобилизиравме, го потпишавме договорот и го почитуваме. Порталите не треба да ги заплашуваат граѓаните со презентации кои ги имавме пред 12 години, бидејќи тоа не е добро, но е важно за нас, рекол Ахмети, пренесуваат албанските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


