Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) покрена тужба против американската Управа за спречување на дрогата (ДЕА), обвинувајќи ја за нелегално собирање на информации за меѓународните телефонски повици на Американците во рамки на програмата за надзор.
Тужбата била поднесена во вторник во американскиот окружен суд во Лос Анџелес, соопшти Фондацијата за електронска граница, која ја застапува ХРВ и се занимава со други случаи против владиното надгледување.
– Програмата на ДЕА на случаен надзор на записите за меѓународните телефонски повици на Американците – информации за броевите што луѓето ги повикуваат како и времето, датумот и траењето на тие повици, погодува милиони невини луѓе, а сепак ДЕА со години тајно ја води таа програма“, рече Нејт Кардозо, претставник на Фондацијата.
Програмата на ДЕА првпат беше откриена во судските записи во јануари, наведува Фондацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле