Борците на терористичката група „Исламска држава“ извршиле злосторства со неопислива суровост во Сирија и Ирак, изјави денеска обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС), со седиште во Хаг, додавајќи дека таа нема овластувања да започне истрага.
Според Фату Бенсуда, таа има овластувања да започне истрага за злосторства, извршени од борци, кои имаат државјанство на земји членки на судот, но повеќето од лидерите на ИД се од Ирак или Сирија, земји што не членуваат со МКС.
– Во оваа фаза шансите мојата служба да ги истражува и следи најголемите виновници меѓу лидерите на ИД се ограничени, истакна таа, додавајќи дека судот може да врши лична јурисдикција над лица, кои се граѓани на земји членки на судот, вели Бенсуда.
Надлежноста на МКС во Хаг може да биде проширена од Советот за безбедност на ОН.
Бенсуда истакна дека судот располага со информации за илјадници странски борци, кои се приклучиле на ИД. Многу од нив се од земји членки на МКС, како Тунис, Јордан, Франција, Германија, Велика Британија, Белгија, Холандија и Австралија. Станува збор за злосторства како масовни егзекуции, сексуални робови, силување, измачување, насилно врбување на деца и дури за геноцид, истакна обвинителката
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


