| четврток, 6 декември 2018 |

Димитровски го продолжи договорот со Керкира за две години

Поранешниот капитен на македонската репрезентација за играчи до 21 година, Владимир Димитровски, го продолжи договорот со грчкиот прволигаш Керкира за дополнителни две години.

Димитровски одлично се снајде во новиот клуб откако беше ослободен од обврските во Вардар и игра извонредно на стоперската позиција во Керкира, што му донесе продолжување на договорот.

На четири кола до крај на грчкото првенство, Керкира е на деветтата позиција во конкуренција на 18 екипи, што е солиден ефект за клубот, кој речиси сигурно и следната сезона ќе игра во Првата лига.

dadi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top