| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со честитка по повод светскиот ден на Ромите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

– На сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, го честитам Меѓународниот ден на Ромите.

На овој ден, Ромите во Европа со гордост ги одбележуваат цивилизациските придобивки.

Вашата целосна интеграција во општеството и заедницата, во вистинската смисла на зборот, треба да остане наша примарна задача, особено на социјален и економски план. Мора да ви бидат создадени сите неопходни услови за непречено негување на Вашиот јазик, култура и традиции кои се белези на Вашиот идентитет. Во таа смисла, секогаш ќе ја имате полната поддршка од мене и од Општина Струмица. Нека ви е честит и вековит Светскиот ден на Ромите“, напиша во честитката претседателот на СДСМ. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top