Во Националната галерија на Македонија, обејект Чифте-амам, денеска (8 април) во 14 часот ќе се отвори изложбата „Сите бои на љубовта“ подготвена по повод Месецот на аутизмот.
Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост.
– Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие ранливи групи и постојано се залага за што поголема нивна инклузија во секојдневното живеење и уважување на различностите. На 3 декември минатата година беше одбележан Мегународниот ден на лицата со посебни потреби, а сега со изложбата под наслов „Сите бои на љубовта“ нашата институција го одбележува месецот на аутизмот – информираат од Националната галерија на Македонија.
Организирани беа работилници на кои голем број дечиња изработија прекрасни слики. Аутизмот не е болест, туку состојба. Тој нема граници, им се случува на луѓето од различни раси и религии. Бројот на деца со аутизам е сѐ поголем. Во таа насока сите ние треба да се залагаме за подобрување на правата и заштита на лицата со аутизам и нивните семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.