Чедомир Јаневски повторно е кандидат за селектор на македонската фудбалска репрезентација, која оствари солидно резултати со него во претходниот квалификациски циклус. Не е тајна дека претставници на Фудбалската федерација на Македонија повртоно имале разговори со популарниот Четка за негов кам-бек на кормилото на репрезентацијата.
Кандидати има уште неколку, а се споменуваат Ѓоко Хаџиевски, потоа и Љубинко Друловиќ, Сафет Сушиќ…
Јаневски пристигна на кормилото на нашата селекција токму пред почетокот на претходниот квалификациски циклус за настап на СП во Бразил и имаше солидни резултати. Одигравме одлично против Хрватска на гости, иако загубивме со 0-1, потоа ги надигравме Шкотите во Глазгов за реми 1-1, па падна и Србија во Скопје. Токму пред тој меч почнаа проблемите што самите си ги создадовме со недисциплината на Попов и на Ристиќ, кои беа суспендирани. Победата над „орлите“ од Србија не донесе мир во репрезентацијата, што потоа доведе до заминување на Јаневски.
Тој потпиша за Монс во Белгија, но сега повторно е меѓу главните кандидати за селекторската позиција како замена за Бошко Ѓуровски, кој доби отказ од ФФМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



