| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 190 Холанѓани им се придружиле на џихадистите

Околу 190 Холанѓани се приклучиле кон џихадистички групации, соопшти Министерството за правда и за безбедносни прашања.

Според податоците на Министерството, 125 лица во моментов се наоѓаат во во кризните жаришта во светот и се борат на страната на терористите.

Околу 35 лица се вратиле во Холандија, а уште 30 лица загинале во борбени дејства.

Министерството нагласува дека опасност за земјата не претставуваат само овие лица, туку и радикалните исламисти, кои живеат во Европа и кои не биле во кризните жаришта на Блискиот Исток и во северна Африка. ­

– Тие се тесно поврзани со терористички организации. Нивната главна улога е да ги шират своите идеи на интернет и на социјалните мрежи и да врбуваат нови членови за извршување напади и за учество во борбени дејства, нагласи Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top