Палео-диетата или диетата на пештерскиот човек е најпребаруваната диета на „Гугл“ за 2013 година, благодарејќи на бестселерот на професор Лорен Кордеин, кој во својата книга за оваа диета собра неколку различни идеи за овој начин на исхрана.
Во суштина, јадете сѐ што јаделе нашите предци од времето на палеолитот, пред да почнат сами да одгледуваат и преработуваат храна. Јадете сирова, или пак, храна подготвена само на скара.
Дозволени намирници: јајца, сите видови на месо, морски плодови, зеленчук и овошје, мед.
Забранети намирници: шеќер, житарки, компир, млечни производи, преработено месо (салами, виршли, паштети), чоколадо, производи од пченкарно и соино брашно, мајонез, сол, квасец, оцет (се препорачува лимонов сок за салати).
Позитивни страни на диетата:
– Ги исфрлате сите конзерванси и преработени шеќери, како и лебот;
– Се нагласува важноста на овошјето и зеленчукот;
– Организмот има доволно масни есенцијални киселини;
– Исхраната ќе им одговара на личностите кои имаат покачен шеќер во крвта;
– Ќе го подобри здравјето и го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и рак;
– Навистина е ефективна.
Негативни страни на диетата:
– Скапа е;
– Прекумерниот внес на протеини го оптеретува организмот со штетни материи, меѓу кои и амонијакот кој може да има токсични последици;
– Диетата може тешко да им падне на оние кои се љубители на јаглехидратите или скробни намирници;
– Задолжително се зема калциум поради недостатокот на млечни производи;
– Не може да се прилагоди за вегетаријанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.