| четврток, 6 декември 2018 |

Запросување покрај Охридското Езеро (ФОТО)

13821_10206244927792894_5575289856925624165_n

Скопјанецот Бојан ја побара раката на својата долгогодишна девојка Маја со романтичен гест покрај Охридското Езеро. На помош го повика и охриѓанецот Јован Куциновски, на чиишто свирки често се забавувале.

Токму кога Бојан го поставуваше најважното прашање, се појави Јован со гитарата во рака, а за овој момент да биде овековечен се погрижи неговиот татко Венко Куциновски.

10987369_721717964612495_565601881176366298_n

– Денес двојно сонце. Пред една недела ми пиша Бојан (со кого не се позавав), вика сме те слушале со девојка ми по Скопје, сакам да ја побарам во Охрид ми требит твоја помош. Најмалку шо можев е да им „улетам“ денеска со гитара „ничим изазван“. 
Одговорот ДА! И јас ви викам ДА сте вечни! Нека ви е со среќа!!! – напиша Јован на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top