| четврток, 6 декември 2018 |

На скопскиот маратон ќе има саем по теркот на светските метрополи

По пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк маратонот, кој ќе се оддржи на 11 ноември 2015 година, со кој „Виз Ер“ Скопски Маратон оствари соработка

maraton skopje

Како се наближува „Виз Ер“ Скопски Маратон, така расте возбуденоста, адреналинот и неизвесноста кај сите оние кои годинава имаат план да трчаат и да бидат дел од него. Од 2007 година, па до денес, маратонот се оддржува по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

„Виз Ер“ Скопски Маратон кој ќе се оддржи на 10 мај, е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Оваа година главниот спознор Виз Ер, доделува бесплатен ваучер на сите учесници на маратонот во износ од 20 евра кој може да се искористи преку wizzair.com. За што подобра промоција и информираност за маратонот, „Виз Ер“ Скопје Маратон Експо е саемот кој за прв пат оваа година ќе се оддржи од 7-ми до 9- ти мај, три дена пред „Виз Ер“ Скопски Маратон. Ваков вид на саем традиционално се оддржува во секоја светска метропола каде што се трча маратонот.

Важно да се напомене дека претпоследниот, односно втор рок за пријавување и плаќање за Виз Ер Скопски Маратон е до 10-ти април. Цените за пријавување кои важат до 10-ти април се: 300 денари за трката на 5 км, 850 денари за маратонската и полумаратонската трка, 3000 денари за екипа на учество на штафетниот маратон. После овој датум цените се зголемуваат, а поради пополнување на предвидениот број на учесници пријавувањето може да биде и затворено пред последниот предвиден рок за тоа, 4 мај.

Пријавувањето се врши преку веб старната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk. Во склоп на „Виз Ер“ Скопски Маратон ќе се оддржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес. Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк маратонот, кој ќе се оддржи на 11 ноември 2015 година, со кој „Виз Ер“ Скопски Маратон оствари соработка.

Овие детали, како Популаризација на спортот како начин на водење на здрав живот, поголема свест кај луѓето за спортување- во здраво тело, здрав дух, се дел од причините зошто маратоните се популарни, а саемите се едни од најпосетените низ светските метрополи. „Виз Ер“ Скопје Маратон Експо, саемот по повод „Виз Ер“ скопски маратон е со тенденција да стане традиција кај нас е саем кој ќе биде центар за сите учесници, спонзори, светски спортисти и познати личности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top