Радован Велјановски од Охрид, пливачки тренер на Специјалната олимпијада, е херојот на Скопски Маратон 2018, откако со својот хуман гест ги насолзи очите на нацијата и на многумина им ја врати вербата во добрината, солидарноста, победата на човечноста над различностите и предрасудите.
Велјановски стана еден вид на одбележје на годинашниот маратон, откако во раце го крена момчето со Даунов синдром, учесник на маратонот, кое на само педесеттина метри пред целта на трката од 5 километри не можеше да продолжи.
Тој, заедно со него во раце, со широка насмевка на лицето продолжи и ја заврши трката, а фотографиите од настанот набргу станаа едни од најсподелуваните и најкоментираните на социјалните мрежи и во медиумите.
Инаку, Велјановски е роден 1989 година во Охрид. Овој триатлонец е познат како еден од најпосветените тренери на Специјалната олимпијада. Омилен помеѓу нашите спортисти на Специјалната олимпијада, тие со него како тренер имаат освоено бројни награди и медали.
извор: ohridnet.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.