| четврток, 6 декември 2018 |

Топењето на снегот може да ги зголеми водостоите

вар

Кооринативното тело за справување со кризи денеска одржа состанок на кој беше разгледана хидролошката состојба во Македонија и беше констатирано дека поради зголемување на температурите за време на претстојниот викенд, можно е топење на снегот на повисоките места, што би предизвикало зголемување на водостоите и водотеците.

Според прогнозата на УХМР, од четврток следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе забележат пораст и до 20 степени целзиусови. Поради големата влажност на паднатиот снег и негово можно топење и понатаму се очекува високо ниво на сите реки во Република Македонија.

Како критични места каде се очекува поголемо количество на вода беа утврдени сливот на река Вардар кај Јегуновце, сливот на Црна Река во Пелагонискиот регион и слив на река Треска кај Пласница.

За ваквата состојба од страна на Центарот за управување со кризи известени се сите единици на локалните самоуправи во засегнатите подрачја, со цел да се преземат соодветни превентивни мерки, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување. 

Екипите на ЕВН и ЈП „Македонија пат“ постојано се на терен и ги отстрануваат настанатите дефекти во електродистрибутивниот систем, односно расчистување на одроните од патиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top