Минатата година брендот „Викторија сикрет“ мораше да го промени називот на кампањата „Перфект бади“ кој навреди многумина, затоа што се толкуваше како само манекенското тело е совршено тело.
Не само што се бараше од нив да го сменат називот, туку и петицијата која што ја потшишуваат жените ширум светот побара од нив јавно извинување. По таа кампања „плус сајз“ моделите во организација на модната куќа “Curvy Kate“ се сликаа во долна облека за да одговорат на „Викторија сикрет“ дека телата од сите големини се подеднакво совршени, но тука не е крајот.
Крупните модели повторно го возвраќаат ударот со новата кампања „Јас не сум ангел“ и во рекламата се појавуваат „плус сајз“ моделите Ешли Грејам, Маргарита Принг, Кендис Хафин, Викторија Ли, Џастин Легаулт и Ели Мејдеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.