| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа во најпровокативното издание досега (ФОТО)

Со провокативна фотосесија, познатата пејачка Наташа Малинкова ја најавува нејзината најнова песна со наслов „Хеј мама“. Станува збор за уште едно музичко парче направено од тимот со кого Малинкова веќе долги години работи.

Токму и оваа фотосесија е повод за новата песна, а благодарение на веќе докажаните модни дизајнери, Викторија Арсовска и Андреј Папаз Ѓоргиевски, Наташа овој пат пријатно ќе ве изненади. Имено, првпат ќе ја видите Наташа во едно поинаков светло.

– Песната е веќе подолго време готова, меѓутоа чекавме да се реши проблемот со забраната на емитување македонска музика. Станува збор за песна за која сум сигурна дека многу ќе ѝ се допадне на публиката. Нешто ново, брзо и поразлично од она што досега сум работела – вели Малинкова.

Инаку, за новата песна веќе се почнати и подготовките за видеоспотот кој треба за брзо да почне да се снима.

Дотогаш уживајте во новите фотографии на Наташа:

Фото: Дарио Јанковиќ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top