Во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечерва од 18.30 часот во Прилеп ќе биде отворена изложбата на плакати од Родченко и сиже од 20 современи руски графички дизајнери.
Изложбата е плод на културната соработка меѓу Македонија и Русија, а ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со битолскиот музеј.
Повеќе од 20 плакати, вклучувајќи ги, меѓу другите, оние на Јури Гилтов, Еугениј Добровински, Елена Китаева, Александар Лаврентиј-Родченко, Дмитри Закаров, Мајкл Аникст, се дел од светската иницијатива за прославување на 120-годишнината од раѓањето на Родченко, која ја иницираше руската Академија за графички дизајн и Биеналето за графички дизајн „Златна пчела“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.