| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ не добил покана за свадбата на Мареј

gokovic i marej

Шкотскиот тенисер Едни Мареј својата венчавка со долгогодишната девојка Ким Сирс ја закажа за престојниов викенд.
Тој ги изненади сите со одлуката на својата свадба да не ги покани своите колеги од самиот тениски врв во светот.
Очекувањата беа на свечената церемонија да се појави барем Новак Ѓоковиќ, кој важи за близок пријател со Шкотот, но Мареј одлучи да нема познати личнисти. Тие двајца важат за блиски пријатели од самиот почеток на нивните професионални кариери.

– Воопшто нема да има познати личности на свадбата. Јас такви немам покрај себе. На венчавката се поканети гости со кои имам минато многу време во минатото или  личности со кои сакам да бидам во иднината. Можам да кажам дека листата нема да биде долга, па затоа и ќе недостигаат тенисерите од врвот на АТП-листата – изјави Мареј.

Ѓоковиќ веднаш по финалето во Мајами, каде што го совлада токму Мареј, потврди дека нема да биде дел од свадбената церемонија на својот долгогодишен пријател.

– Не сум поканет, но во секој случај му посакувам сѐ најдобро – истакна Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top