| четврток, 6 декември 2018 |

Ачковска: Да ја спасиме Македонија од разнебитување

ацковска

Треба да ја спасиме од разнебитување нашата Македонија-порача професорката Виолета Ачковска од вечерашната трибина на Граѓанското свижење за одбрана на Македонија-ГДОМ во Автокоманда.

-Македонскиот народ беше поделен на трите соседни држави кои во период од 20 години пробаа да го асимилираат и однародат. Но, никој не можеше да го спречи македонскиот национален подем, македонската национална свест која дојде до израз преку формирањето на првата современа македонска држава. Таа држава и таа слобода, македонскиот   народ ја доби со свои сопствени сили, никој не му ја поклони – рече Ачковска.

Таа потенцира дека Македонија е наш заеднички дом кој треба да го градиме со љубов и единство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top