Раководството на затворот ХМП Нортумберланд во англискиот град Оклингтон постави висока мрежа околу зградата, со цел да ги спречи криминалците на своите другари-затвореници да им фрлаат во дворот киндер-јајца наполнети со дрога.
Откако ќе ја извадат играчката од јајцата, тие во нив ставаат дрога, а потоа „слатките изненадувања“ ги фрлаат во затворскиот двор со помош на машина за исфрлање тениски топчиња.
Тие ги користат овие чоколадни јајца бидејќи се доволно мали за да поминат низ мрежата, која Управата на затворот ја поставила за да спречи уфрлање на тениски топчиња наполнети со дрога.
– Проблемот е во тоа што тие имаат 24 часа дневно, секој ден, да смислуваат нови начини како да го надмудрат системот, што одвреме-навреме им успева – пишува весникот „Мирор“.
Затворот ХМП Нортумберланд се наоѓа под управа на француската компанија „Содексо“.
Во извештајот што го објавил Инспекторатот за затвори на британската кралица се наведува дека речиси една третина од затворениците изјавиле дека забранетите дроги „многу лесно“ се набавуваат и дека во затворите илегално се произведува алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.