| четврток, 6 декември 2018 |

Геро го пере Заев: Македонија не треба да соработува со Израел бидејќи е непријател на муслимански држави

geroski golema

Во обидот да го одбрани Зоран Заев поради издавање на државна тајна и да ги одработи финансиските сретства кои ги добива од Соросовата фондација на Владимир Милчин, уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“, Бранко Героски, во својата најнова колумна изнесува тези кои се тотален дилетантизам.

Героски во својата колумна „Државна тајна или до гуша во ла*на?“ имплицира дека Македонија не требало да соработува со државата Израел, бидејќи оваа земја, како што тврди Героски била непријател на муслиманските земји, а Македонија била мултирелигиско општество.

-Во муслинскиот свет, Израел се смета за држава непријател. Македонија е мултирелигиско општество, во кое муслиманите сочинуваат значаен дел од населението, пишува Героски.

Според оваа логика на ударната медиумска тупаница на СДСМ, Македонија веројатно треба да соработува со Иран, бидејќи таа земја во муслиманскиот свет не се смета за држава непријател на муслиманските земји?!

Пишувајќи го ова, Героски ја прогласи Македонија за муслиманска држава која според него треба да води политика согласно верски интереси како Иран, Саудиска Арабија, Јемен, а не европска граѓанска држава. Овој гласноговорник на СДСМ, среде Европа поддржува антисемитизам што во Европа е последна форма на остаток од минатиот век.

Политичкиот дилетантизам на новинарскиот послушник на Заев, кој се обидува да го одбрани опозицискиот лидер за кривично дело за кое се предвидува и до 10 години затвор, оди доттаму што Героски тврди дека Заев не знаел дека открил државна тајна.

-Како може државна тајна да оддаде некој што не му е доверена на чување? Како тој воопшто може да знае дали некоја информација е државна тајна или не е?, прашува Героски.

Знаењето или незнаењето на Заев, како што вели Героски, за откривање на државна тајна, во никој не случај не го амнестира лидерот на СДСМ од одговорност за штетата што може да ја предизвика од објавување на таков материјал, случај за кој МВР почна да работи на изготвување на нова кривична пријава против лицето кое досега е осомничено за „Насилство спрема претставници на највисоки државни органи“ и „Поткуп“.

Делото кое сега му се става на товар на Заев е предвидено и казниво согласно член 317 од Кривичниот законик, „Оддавње државна тајна“. За ваквото кривично дело во законот е запретена затворска казна во времетраење и до 10 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top