Обилни врнежи од снег се забележани во поголем дел од северозападниот дел од земјата, како и на повисоките места во југозападниот крај, објави порталот „Метеопро“. Снежна покривка се формира во Тетово и Гостивар. Забрана за тешки возила е во сила на Стража. Ски центрите можат слободно да се подготват за празнично скијање наредниот викенд.
Снег во април во нашиот регион не е ништо ново, но не се случува секоја година.
Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, како и утре претпладне. Утре попладне врнежи ќе има, но послаби и локални.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.