Италијанскиот прволигаш Рома во следниот преоден рок планира да го засили тимот со неколку нови имиња, а прв на листата за засилувања се најде левиот бек на Шалке, Денис Аого.
Рома планира да биде конкурентен тим за титулата следната година и да се обиде да му парира на Јувентус. Покрај тоа што оваа сезона рано ја изгуби трката за скудетото, Рома сега се бори да ја зачува втората позиција која води директно во групите од Лигата на шампионите. Главен конкурент е градскиот ривал Лацио кој заостанува само еден бод.
Римската волчица ќе се обиде да ги договори услугите со Шалке за Аого кој има договор со клубот ог Гелзенкирхен до 2017 година. Сепак цената од околу осум милиони евра не би претсавувало проблем за Рома да го доведе во своите редови талентираниот фудбалер.
Доколку Аого биде доведен во редовите на Рома, најверојатно тимот ќе го напуштат Ешли Кол и Хозе Холебас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)



