| четврток, 6 декември 2018 |

Диего Коста ќе паузира најмалку две недели

Шпанскиот репрезнтативец во редовите на Челси, Диего Коста, ќе отсуствува од терените во следните две недели. Менаџерот на сините од Лондон ризикуваше со неговото ставање во игра во второто полувреме на вчерашниот натпревар против Стоук и погреши.
Коста влезе во игра во вториот дел и по само десет минути го напушти теренот поради повреда. Тој ја обнови повредата на задната ложа и според лекарскиот тим на Челси ќе отсуствува две недели.

– Го загубивме Диего Коста за најмалку две седмици. Ако водевме 2-0 по првото полувреме, тој сигурно немаше да игра. Но, ние бркавме гол и јас решив да ризикувам со него. Знаете, во фудбалот некогаш е потребно и да се ризикува. Сега ќе треба да чекаме да се опорави, а во нападот ќе играат Лоик Реми и Дидие Дрогба – изјави Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top