| четврток, 6 декември 2018 |

Снег на Стража (фото)

sneg straza

На патниот превој Стража меѓу Гостивар и Кичево има снег. Патот е прооден, но почна да се создава колона од возила.

Претходно Управата за хидрометеоролошки работи најави дека територијата на Македонија денеска ќе потпадне под циклонот Викторија. Времето ќе биде променливо облачно попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините снег.

sneg straza2

Доцна попладне на повеќе места врнежите ќе се интензивираат па наместа ќе наврнат над 30 л/м2, особено во западните и јужните предели. На планините ќе се формира нова снежна покривка, наместа и над 20 сантиметри нов снег.

sneg straza1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top