| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар патува во Ѓер со огромни шест голови предност

ЖРК Вардар со едната нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите односно фајнл-фор турнирот во Будимпешта и оваа година откако во првиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ беше подобар противник од актуелниот европски шампион Ѓер со 24-18.

vardar-gerg-3

Одлична игра во финишот од сезоната прикажуваат избраничките на Индира Кастратовиќ и се чини по не толку сјајната сезона формата беше темпирана за завршницата.
Комплетниот состав покажа карактер каков и што се очекуваше. Предводени од одличната на голот капитенката Ина Суслина која успеа да фати дури 14 топки и нејзината замена Амандин Лејно која успеа да фати три пенали од истотолку удари.

Vardar - podravka 2014 (17) (Large)

Одбраната фунцкионираше беспрекорно. Да се дозволи на еден европски шампион да даде само 18 гола, тоа значи дека комплетно е прочитан противникот. Во нападот на моменти брзоплето но со многу разноликост со успешни контранапади, фантастичната игра беше крунисана со големи шест голови разлка.

vardar-gerg-2

Сепак треба да се има превид дека реваншот е за седум дена во Ѓер и на тој терен тешко победувале многу екипи.
Мора да се има предвид, концетрација и голема борбеност од самиот почеток. Ова е само едно полувреме како што нагласи и Индира Кастратовиќ.
Најефикасна во составот на вардарки беше Јованка Радичевиќ со седум гола, Андреа Пенезиќ постигна пет гола, а Андреа Лекиќ четири.
Кај гостинската екипа се истакна русинката Ана Сен со пет голови.
Публиката беше фантастична како никогаш досега го исполни Јане Сандански скоро до последното место и им даде голема подршка на црвно-црните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top