Екстремистите од ИД го уништиле археолошкото наоѓалиште во древниот град Хатра.
Во последното видео може да се види како тие удираат во ѕидовите со чекан и пукаат со калашникови во статуите од непроценлива вредност.
Екстремистите го нападнале Хатра минатиот месец, а засега не е познато до која мера е градот уништен бидејќи се наоѓа под нивна контрола.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, на 9-ти март ја повикал Меѓународната заедница да ја сопре Исламската држава во уништувањето на археолошки наоѓалишта во Ирак, нарекувајќи ги акциите на екстремистите “воени злосторства”.
Градот-тврдина Хатра, кој е стар повеќе од 2.000 години и се наоѓа на листата на светски наследства на Унеско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



