| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ пред историска победа

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Мастерсот во Мајами, САД, откако ноќеска во вториот полуфинален меч го совлада домашниот тенисер Џон Изнер со 2-0, по сетови 7:6 и 6:2. Новак е пред шанса да биде првиот тенисер во историјата, кој во три различни сезони ги освоил двата американски мастерси, Индијан велс и Мајами опен.

Во првиот сет Американецот со своите силни сервиси му задаваше многу проблеми на Ѓоковиќ, но сепак во тај-брејкот Србинот беше поуспешен и го доби со 7:3. Во третиот гем од вториот сет Ѓоковиќ за првпат зема гем на противнички сервис, го зачува својот, а веднаш потоа направи уште еден брејк и веќе победникот беше решен.

Противник на Ѓоковиќ во завршниот меч ќе биде Британецот Енди Мареј кој во првото полуфинале го совлада Томаш Бердих во два сета со по 6:4.
Финалето е закажано за утре во 19 часот по средноевропско време.

Вечер со почеток од 19 часот во Мајами ќе се одигра женското финале меѓу домашната тенисерка Серена Вилијамс и Шпанката Суарез Наваро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top