Министрите за надворешни работи на Унгарија, Србија, Грција, Турција и Македонија на 7 април во Будимпешта ќе разгледаат перспективи за учество во проектот „Турски тек“.
– Главни теми на средбата ќе бидат снабдувањето со електична енергија и енегетска безбедност – изјави шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
– Ќе бидат разменети мислења меѓу петте држави за тоа дали се подготвени да се реализира проектот за нов гасовод „Турски тек“, односно нова траса за снабдување на регионот со природен гас – додаде Дачиќ.
Турски тек е проект на „Гаспром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.
Во декември Русија соопшти дека се откажува од проектот „Јужен тек“ поради „неконструктивна позиција на Европската унија“ и беше решено да се гради „Турски тек“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.