| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот на Франција може да биде спокоен, Нандо де Коло го потврди учеството на ЕП

nando de kolo

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Франција, Винсент Колe на претстојното Европско првенство на располагање ќе го има еден од најдобрите играчи, Нандо де Коло. По откажувањето на настап на Ким Тили, Едвин Џексон и Борис Диао, се шпекулираше дека тоа ќе го направи и ѕвездата на ЦСКА Москва, но тој демантираше и потврди дека ќе се стави на располагање на селекторот.

– По олимписките игри во Рио, размислував да се одморам во текот на летото. Како што рече и Николас Батум осум месеци играме во клубовите, а потоа еден месец во репрезентацијата. Во еден момент ве стигнува заморот, но ова лето ќе играм, а ќе одморам следното – изјави Де Коло.

Потврдата за настап на Де Коло ќе биде од големо значење за Франција, бидејќи французинот оваа сезона со просек од 20,1 поени и 4,1 асистенција е еден од најдобрите играчи во Евролигата. Франција на Евробаскетот е во група со Полска, Грција, Финска, Исланд и Словенија.

nando de kolo

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top