Македонскиот вицешампион, Металург заедно со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе упатат заедничко барање до Европската ракометна федерација (ЕХФ) со кое ќе искажат желба и интерес тимот од Автокоманда и следната сезона да биде дел од ракометната елита на Европа, односно во Лигата на шампионите (ЛШ).
– Документацијата и сите формулари за аплицирање за дополнително, второ место во следната сезона во Лига на шампиони се подготвени, и денеска ќе ги испратиме во ЕХФ со искрена надеж дека, како и во изминатите две сезони, ќе добиеме место во ракометната елита на Европа – потврди Зоран Цветановски, претседателот на Металург.
Според ранкингот, правилата и пропозициите на ЕХФ за сезоната 2017/18 на Македонија ѝ следува едно место во ЛШ за првакот, потоа две места во Купот на ЕХФ (за вицепрвакот и за освојувачот на Купот) и едно место во Челинџ-купот на ЕХФ (за третопласираната екипа), но и во изминатите сезони ЕХФ отстапуваше од претходно поставените рамки и доделуваше дополнителни места на екипите кои исполнуваат одредени критериуми. Металург зад себе има шест сезони во Лигата на шампионите и доволно искуство за настап во ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.