| четврток, 6 декември 2018 |

Новак Ѓоковиќ ќе игра на последниот гренслем, УС Опен

Поради повреда на десната рака, Новак Ѓоковиќ мораше да го предаде четвртфиналниот меч на Вимблдон против Томаш Бердих. Таквата ситуација и неговите зборови на прес-конференцијата беа протолкувани дека Србинот ќе прави мала пауза од тенисот.

Сепак, денес се појави листата на пријавени тенисери за последниот гренслем турнир, а таму стои и неговото име. УС Опен најави дека оваа година на турнирот ќе се натпреваруваат најдобрите 99 тенисери, кои ќе претставуваат 39 држави.

Отвореното првенство во САД започнува на 28 август, а титулите од минатата сезона ги бранат Станислас Вавринка во машка и Анжелик Кербер во женска конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top