Во рамките на турнејата на книгата, вчера во Битола, во преполната сала на Центарот за култура, беше промовирана новата стихозбирка „Отворена книга“ од современиот македонски поет Раде Силјан. За делото говореше Златко Жоглев, ректор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола, а стихови интерпетираа професорките од Педагошкиот факултет во Битола, проф. Даниела Андоновска-Трајковска и проф. Гордана Стојаноска.
По повод 70-годишнината од започнувањето на наставата по македонски јазик во престижната гимназија „Јосип Броз Тито“, како нејзин поранешен ученик, Раде Силјан донираше колекција на свои книги за библиотеката на оваа престижна установа во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.