| четврток, 6 декември 2018 |

Тарик Филиповиќ повреден во сообраќајка, изутрина ќе биде опериран

Познатиот хрватски актер Тарик Филиповиќ денес после пладне доживеа несреќа на пешачки премин. Автомобил удрил во него, при што актерот заработил повреда на коленото и на раката. Несреќата се случила во Загреб, во населбата Кустошиљ. а зад воланот во автомобилот се наоѓал 60 годишен загрепчанец. Улицата била  лизгава и со снег, поради што возачот не можел да закочи навреме. На актерот му помогнале случајни минувачи кои повикале Брза помош. Филиповиќ бил пренесен во болницата Свети дух, каде се утврдени повреди на коленото и едната рака. Тој утре ќе биде подложен на хируршка интервенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top