Бадемите даваат плод четвртата година, а инвестицијата се враќа шестата година. Искуството покажува дека во делот на трошоците многу поисплатливо е да се сади од семка отколку да се купуваат садници. Ако, сепак, се купуваат садници, треба да се внимава да не се со оштетен централен корен, а најдобро е ако коренот на садницата е во пластичен или картонски фишек. Тоа е особено важно затоа што садниците со оштетен централен корен се понежни од другите и бараат повеќе наводнување.
Инаку, бадемот не бара посебна нега како другите овошки. Насадот треба само редовно да се заорува и да се третира против монилијата и осицата, кои се главни опасности за него. Бадемот е многу чувствителен на рани пролетни мразеви и тоа многу се одразува на приносот. Обично, цветањето се одложува со рано пролетно наводнување.

Цената на големо изнесува од 500 до 600 денари за кршени бадеми, во зависност од калибрацијата. Оваа цена е диктирана од цената на увозните бадеми, кои се со многу понизок квалитет и кои имаат вкус на пластика и се третирани со хемиски препарати.
Македонскиот бадем има повеќе маснотии во својот состав и има препознатлив вкус. За поголем принос, обично, се поставуваат кошници со пчели, кои придонесуваат за зголемување на приносот од 30 до 50 проценти затоа што бадемот е специфичен во опрашувањето како култура.

Бадемот содржи многу хранливи состојки, висок процент на витамин Е и на магнезиум, умерена количина протеин, влакна, витамин Б2, фосфор и бакар. Исто така, содржи фитоматерии, кои се заштита од срцев удар и од други хронични болести. Содржи повеќе калциум и влакна од другото ковчесто овошје. Бадемот содржи калциум, па поради тоа, како и поради содржината на фолна киселина, се препорачува за трудниците.
Бадемот ги засилува нервите и мускулите, поволно влијае на нервниот систем, за цревата е антисептик, го снабдува телото со многу минерали (калциум, калиум, цинк, железо), го забрзува варењето.

Една од направените студии покажала дека со редовно внесување бадеми доаѓа до подобрување на психичката состојба. Интересно е дека со умерено консумирање бадеми, учесниците во студијата не се здебелиле. Диетата со бадеми, по шест недели, ја намалила масата на стомакот и количината на сало. Грицкањето бадеми ја намалува количината масти во телото што доведува до намалување на ризикот од метаболичкиот синдром со што се намалува шансата од срцеви заболувања, шлог и други болести на крвните садови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности


