| четврток, 6 декември 2018 |

Радичевиќ: Важно е да влеземе во мечот со ладни глави

Во пресрет на најважниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите за женскиот ракометен првак на Македонија ЖРК Вардар против Ѓер во рамките од четврфиналето, десното крило Јованка Радичевиќ потенцираше дека Ѓер и суперсилен противник, но шансите за успех се подеднакви за двете екипи.
Таа изјави дека овој натпревар е можност вардарки да го покажат вистинското светло и сиот свој квалитет и потенцијал.

– Сезонава игравме под своите можности, Немавме континуитет на добри резултати. Имаме квалтитет и тоа сите го знаат, но време е и ние да блеснеме. Тоа треба да се случи токму против Ѓер. Ја знаеме нивната силина и играта во напад и одбрана. Заедно со Андреа Лекиќ бевме веќе го знаеме стилот на игра на нивниот тренер бидејќи игравме во Ѓер и ја освоивме европската титула. Не треба да влеземе со жешки глави бидејќи може да се случи да изгориме во преголема желба, мораме да играме смирено, да ја градиме својата игра и да стигнеме до победата. Играме против актуелниот европски првак, не постои поголем мотив од тоа – изјави Јованка Радичевиќ.

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top